• сабота, 21 декември 2024

Мицкоски: ВМРО му припаѓа на македонскиот народ, целта на секоја генерација е да изоди чекор напред во зачувување на идентитетот

Мицкоски: ВМРО му припаѓа на македонскиот народ, целта на секоја генерација е да изоди чекор напред во зачувување на идентитетот

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Целта на секоја наредна генерација е да изоди чекор напред во зачувување на идентитетот. Негаторски политики секогаш имало, но, ние мора да си го тераме својот пат, мора да сфатиме дека имаме подобра иднина, држава каква шо сакаме и заслужуваме и тоа зависи само од нас, од никој друг. Мора сами да се свртиме кон себе, да се цениме повеќе, да веруваме во себе, да не дозволкуваме да не водат алузии дека сите не престигнале и дека нас не не бива. Тоа не е точно. Одамна ќе бевме во ЕУ да не беа билатералните проблеми. Билатералните проблеми на денот на осамостојувањето постоеја и траат до денес како дел од нивната стратешка политика базирана на нивното гледање на историјата и нивните интереси и цели, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија „Завет што обврзува”.

Како што истакна Мицкоски, Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, треба да не потсетува и да не освестува дека ние сме минливи, но нашето дело и идеја зборуваат за нас. Делото на ВМРО, нагласи, ни овозможи да имаме самостоја држава и самосвест.

Мицкоски порача дека ВМРО нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ. Направи и паралела меѓу денешниот, како што истакна, трнлив пат на македонската политика и она што случувало во минатото, во организацијата, кога методите биле поразлични, препреките посурови, но суштината на предизвиците идентична.

-ВМРО нераздвојно и непоколебливо му припаѓа на македонскиот народ зашто организацијата беше народот и од него произлегуваа водачите, народните херои кои се поклонуваа пред олатрот на борбата за слобода. Борбата не следи до денес, затоа велам, суштината на нашата борба и нивната, на историското ВМРо е буквално иста, овој ден сакам да го славиме сите, и левата и десната страна од политилкиот спектар, зашто вмро е и нивна историја, во вмро и тогаш имало поделба на леви и десни, закам ова да биде празник на сите грѓани, подвлече Мицкоски.

Осврнувајќи се на сегашните случувања и состојби, премиерот напомена дека, за жал, ниту една владејачка гарнитура не може да помине мандат без да биде проследена со некои историски или национални прашања.

-Сакав и се надевав дека овој мандат ќе биде фоскуриан исклуиво на реформи, мерки, економија, развој, но, за жал, не можеме да поминеме ниту еден мандат, ниту една гарнитура без таа да е проследена со некои историски или национални теми или прашања. Тоа е проклетството кое мора да го носиме. Прашањето е живо зашто отсекогаш сите се обидувале да го држат живо поради некои сопствени, регионални или глобални интереси. Нема да биде лажно ако кажеме дека желбата на сите била да ја делат и окупираат оваа територија, па сакале да ја обезличат, нешто што и денес е актуелно. Но, не смееме да се предаваме, колку и да е тежок овој предизвик, истакна Мицкоски.

Свечената академнија се одржува во Музејот на македонската борба за самостојност почна  по повод државниот празник, а меѓу гостите е и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. мч/дма/

фото: принт скрин

 

Остани поврзан