• сабота, 20 јули 2024

Мицкоски: Власта треба да ги затвори сите бугарски клубови како мерка на реципроцитет, бидејќи Бугарија го затвори македонскиот клуб во Благоевград

Мицкоски: Власта треба да ги затвори сите бугарски клубови како мерка на реципроцитет, бидејќи Бугарија го затвори македонскиот клуб во Благоевград

Скопје, 16 ноември 2022

-Ние не само што ги поддржавме туку ги предложивме преку пратеничката Рашела Мизрахи тие измени, и добро е што беа прифатени и усвоени од страна на Парламентот. И треба веднаш да се тргне во процес на апликација односно затворање на тие клубови бидејќи македонскиот клуб што беше отворен во Бугарија веднаш реагираше бугарската држава и го затвори. Така што не треба да се чека и не треба да се одолговлекува и треба веднаш да се отпочне со затворање на овие клубови кои што се отворени на нашата територија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.

Мицкоски додаде дека овие денови СДС се обидува да дефокусира, да измислува невистини за ВМРО-ДПМНЕ и за него. Причина зошто власта треба да ги затвори сите бугарски клубови е како мерка на реципроцитет, бидејќи Бугарија го затвори македонскиот клуб во Благоевград.

-Затворањето на клубовите бугарски во Македонија не е причина зошто некој бил соработник или не бил соработник со ваков или со таков. Туку е политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој македонски културен клуб, каде што културно ќе се организираат, ако Македонците во Бугарија не можат да ги уживаат своите права кои што се резултат на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, јас не гледам уште една причина зошто овие 1.500 граѓани на Македонија кои што се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин јазик да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека многупати во минатото ВМРО-ДПМНЕ се има изјаснето дека двата клуба треба да се затворат.

-А, затворањето на клубовите бугарски во Македонија да бидам попрецизен и да бидам јасен и да нема никакви дилеми па дури и да не може овие пишувачите и луѓето кои што имаат тенденција и кон мене лично и кон ВМРО-ДПМНЕ да вадат од контекст, сите клубови кои што се отворени треба да бидат затворени како мерка на реципроцитет бидејќи македонскиот клуб во Бугарија беше затворен. И ниту еден нов не треба да се дозволи па макар и го носел името на Пејо Јаворов или Димитар Благоев, нагласи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан