• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Владата е одговорна за бројката на новозаразени и починати

Мицкоски: Владата е одговорна за бројката на новозаразени и починати
Скопје, 14 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по објавување на последната статистика со состојбата со Ковид-19 во земјата, реагираше на својот фејсбук профил и посочи дека „445 новозаразени лица и дури  9 починати е катастрофа за која е одговорна Владата“. - 445 новозаразени лица и дури 9 починати. Национална катастрофа за која е одговорна Владата. Нема изговори. Имаа 8 месеци да се подготват за новиот бран, бараа избори за да ја зголемеле ефикасноста, објаснуваше Заев за "танцот" и "чеканот", и еве ги резултатите.Уште колку семејства ќе се зацрнат за да се сетат за оставки и промена на политиките!?, пишува Мицкоски, на својот фејсбук профил. оџ/лв/

Остани поврзан