Мицкоски: Армијата ја засилува мобилноста, 17-те нови оклопни возила „страјкер“ симбол на партнерството со САД
- - Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста, ја зголемува мобилноста на самата Армија и на тој начин стануаме пококуретни споредено со другите армии. Ние како Влада ќе продолжиме и во иднина да инвестираме во нашата македонска Армија. Сакаме да имаме целосно нова современа опрема, се разира во рамките на можностите на Буџетот и сите оние критериуми кои се бараат до 2032 година да бидат од наша страна исполнети. Тоа што сега претставува минимум, ние сме многу над тој минимум- рече премиерот Мицкоски.
Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека со овие возила значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија.
- Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста, ја зголемува мобилноста на самата Армија и на тој начин стануаме пококуретни споредено со другите армии. Ние како Влада ќе продолжиме и во иднина да инвестираме во нашата македонска Армија. Сакаме да имаме целосно нова современа опрема, се разира во рамките на можностите на Буџетот и сите оние критериуми кои се бараат до 2032 година да бидат од наша страна исполнети. Тоа што сега претставува минимум, ние сме многу над тој минимум- рече премиерот Мицкоски.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека ова е еден од најкрупните проекти на одбрана и оти е многу важно да се продолжи со обуката.
- Сега стигнаа 17 страјкери, останатите би требало да пристигнат до средината на летот се надевам. Но, ќе продолжиме со се она што е во делот на нашата модернизација. Постојано ќе има, ќе гледате вакви проекти. Јас сум благодарен што гледате позади нас може да видите и други возила што во минатото биле во гаражите, а благодарение на проектот со Америка ги ставивме во функција и останатите возила - рече Мисајловски.
Се заблагодари до Владата за најголемиот буџет досега за да може да се справиме со сите предизвици. Она што го бара НАТО од нас е да вложуваме преку дваесет проценти во модернизација и ние го правиме тоа упте повеќе. Преку 32 проценти од нашиот буџет се директно за модернизација. Следат уште многу проекти, бидејќи во изминатиот период заедно со нашите пријатели од САД направивме повеќе договори Влада со Влада, најголем дел поминаа во Собранието. Очекуваме следниот период дополнителни наоружувања, дополнителна опрема, беспилотни летала, опрема за специјалните единици и многу, многу проекти - рече Мисајловски. Паралелно се водат сите процеси, додаде тој, потенцирајќи дека се дава се од себе да имаме модерна војска.
Вршителката на должност амбасадорка на САД во земјава Никол Бернс истакна дека ова е важен ден за Северна Македонија и за НАТО, како и за нашата заедничка безбедност.
- Со пристигнувањето на овие пешадиски оклопни возила STRYKER и целосната испорака на 42 возила до ова лето, Северна Македонија прави вистински и видлив чекор напред во модернизација на своите воени сили и зајакнувањето на своето место во Алијансата. Кофинансирана од Северна Македонија и САД преку финансирање на странски војски, оваа програма покажува што можеме да постигнеме кога финансираме заедно во нашата колективна одбрана, рече в.д американската амбасадорка.
Како што кажа, преку програмата на САД за продажби на странски војски, Северна Македонија добива не само напредни и интероперативни системи туку и обука за нивно ефикасно користење и одржување. -Обуката за оператори и одржување на терен, што сега е во тек во Петровец и Штип ќе помогне овие возила да бидат подготвени кога ќе биде потребно, додаде Бернс.
Таа рече дека САД изразуваат пофалба кон Северна Македонија која покажува подготвеност за инвестирање во модернизација.
Во рамките на соработката со САД се реализираат два договора на принципот влада со влада. Станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. До овој момент се пристигнати сите JLTV - лесни оклопни возила, вкупно 96, а на овој настан беа промовирани првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42. бк/ев/
ФОТО: МИА