• сабота, 23 ноември 2024

Мицковски: Со замрзнувањето на цените не се решава проблемот

Мицковски: Со замрзнувањето на цените не се решава проблемот

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, коментирајќи ги владините мерки за замрзнување на цените на прехранбените производи, оцени дека владината економска политика е комплетно погрешна. 

- Немаме раст на БДП, немаме раст на продуктивноста, имаме некакво вештачко зголемување на примањата, кои секако се недоволни за да ги амортизираат овие ценовни шокови што се на пазарот и инфлацијата. И сега што прават? Болшевички одлучуваат да интервенираат на пазарот, односно колку што можев да бидам информиран од страна на овие официјални гласила, е дека, практично, одлуката е за намалување на сите цени линеарно 10 проценти. Можеби треба 20, можеби и 30, можеби и 50 проценти, можеби треба да ја анектираат целата економија, но тоа не го решава проблемот, изјави Мицковски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Илинден.

Според него, се прави, како што рече, насилен упад на пазарот и мерката нема да го даде очекуваниот ефект. бак/са/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан