• петок, 22 ноември 2024

Мицевски: Да ги задржиме младите во државата

Мицевски: Да ги задржиме младите во државата

25 март 2023 

Мило ми е што Унијата на млади сили ме покани на нивната трибина „младински предизвици и перспективи на локално ниво“. Ќе ги слушнеме младите затоа што тие се предвесници и на пркосот и на револуцијата, а јас осврнам на активностите кои ние како пратеничка група ги имаме  во Парламентот и она кое го нудиме.

Како опозиција можеме да реагираме со амандмани, меѓутоа тука е и претседателот на УМС Сергеј Попов кој ќе ги пренесе оние делови од програмата кои ние како пратеничка група во наредниот парламентарен состав како владејачка партија ќе ги имплементираме во интерес на младите во државата.

Да успееме прво да ги задржиме младите, а потоа зошто да не да почнеме да враќаме и од тие продуктивни кадри кои ги има нашата држава во целиот свет.

Националниот совет, младинската програма, формирање на локални совети, во секоја институција млад соработник кој ќе работи за младите и нивните проблеми, Агенцијата за млади и спорт да направи истражување кои се потребите на младите и многу други проекти и мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги планира во својата програма.

Тука сме да ги слушнеме младите, да ги видиме проблемите, и да бараме решавање на тие проблеми.

Изјава на Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан