• вторник, 26 ноември 2024

Мицевски: Во моментов клучно е да се стави акцент на законски решенија за излез од кризата

Мицевски: Во моментов клучно е да се стави акцент на законски решенија за излез од кризата
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски смета дека во овој момент е клучно да се стави акцент на сериозни законски решенија за излез од кризата. Мицевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи за лидерска средба, рече дека официјална покана за средбата до ВМРО-ДПМНЕ се уште не е стигната. - Покана официјална за она што вчера го најави премиерот Ковачевски до ВМРО-ДПМНЕ нема стигнато. И тука е најголемиот проблем на владејачкото мнозинство затоа што пред да почне дебата за која било тема, ја отпочнуваат со официјални информации на социјалните мрежи. Еве ВМРО-ДПМНЕ пред да влезам во емисијата, официјално покана за таа средба што ја најави премиерот Ковачевски нема, рече Мицевски. Тие, како што рече, остануваат на ставот дека треба да се разговара за основните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. - ВМРО-ДПМНЕ одговори денеска за таа лидерска средба и она за што треба да се разговара во наредниот период, а тоа е основните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ако има средба, и зависи од форматот во која што ќе се одржи, на таа тема да учествуваме и да зборуваме. Затоа што денеска има две нови теми, тоа е историски најголемиот буџет од 5,3 милијарди евра кој што се планира и денеска има поминато на Влада, и едно како би рекол смешно замрзнување на цените на огревното дрво од 6.500 денари од кубик, истакна Мицевски. мс/аа/        

Остани поврзан