• сабота, 06 јули 2024

Митровиќ: Ал Хилал е сличен на Реал, мило ми е што се преселив во врвен клуб

Митровиќ: Ал Хилал е сличен на Реал, мило ми е што се преселив во врвен клуб

Ријад, 17 септември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Ал Хилал, Александар Митровиќ проговори за неговата преселба во клубот од Саудиска Арабија.

 

- Немам носталгија за Англија, играв таму многу години. Мило ми е што конечно се преселив во врвен клуб. Ал Хилал е малку како Реал Мадрид. Многу сум среќен овде и сакам да освојувам титули“, изјави Митровиќ за „Gazzetta dello Sport“.

 

Дваесет и деветгодишниот српски фудбалер во летниот преоден рок му се приклучи на Ал Хилал од Фулам. За новиот тим одигра четири натпревари на кои постигна пет гола и една асистенција.

 

Митровиќ претходно настапуваше за Њукасл, Андерлехт, Партизан и Телеоптик. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан