• понеделник, 25 ноември 2024

Претседателот на Собранието организираше Ифтарска вечера по повод Рамазан

Претседателот на Собранието организираше Ифтарска вечера по повод Рамазан

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Јован Митрески вечерва по повод светиот месец Рамазан, организирал Ифтарска вечера, на која присуствувале техничкиот премиер Талат Џафери, претставници од верските заедници, потпретседателите на Собранието, генералната секретарка на Собранието, координаторите на пратеничките групи и пратеници од муслиманска вероисповед.

Митревски, како што информираат од собраниската прес-служба, порачал дека почитувањето на другиот, со сите форми на верување, живеење и изразување е предуслов за здраво општество, за толерантно меѓуетничко општество.

-Само на овој начин, како што сме вечерва, со различна вероисповед, со различна политичка припадност и уверување, со различна етничка припадност, а повторно заедно, на иста маса и со заедничка желба за просперитетна и безбедна иднина, можеме да обезбедиме поубава и посветла иднина за нашите граѓани, посочил Митрески. бт/бак/

Фото: Собрание

Остани поврзан