• сабота, 21 декември 2024

Митрески: Нашиот план е до 2024 година да отвориме околу 80 отсто од поглавјата со ЕУ

Митрески: Нашиот план е до 2024 година да отвориме околу 80 отсто од поглавјата со ЕУ
Скопје, 9 јули 2020 (МИА) - Ние водиме кампања во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, на здравствените власти, бидејќи најважно е здравјето на граѓаните, исто така, водиме кампања со која што сакаме да им кажеме на граѓаните што направивме во претходниот период, рече Јован Митревски, носител на ИЕ 5 од редовите на коалицијата „Можеме'', во вечерашното интервју за Македонско радио телевизија. - Го затворивме прашањето со членството во НАТО, опозицијата повеќе и не го споменува, бидејќи е завршена работа, не правиме разговори со граѓаните дали нашата држава е безбедна дали постои опасност од конфликти, бидејќи тоа е затворено прашање, истакна Митрески, додавајќи дека сега зборуваме од економски аспекти, затоа што сите инвеститори кои што доаѓале во минатото и сите инвеститори кои треба да доаѓаат во иднина првото прашање што си го поставуваат е дали нивниот вложен капитал во нашата државата ќе биде сигурен. Со затворањето на прашањето на членството во НАТО, тој рече дека даваме уште еден плус кај инвеститорите за да ги вложуваат своите средства во нашата држава, да отвораат нови работни места, подобро платени работни места, истакна Митрески, додавајќи дека покрај НАТО го решивме и прашањето за почеток на преговори за членство во Европската унија. - И канцеларката  Меркел вчера кажа дека се отвораат преговорите и сега веќе од овој момент ние во нашата држава треба да зборуваме само за економија, само за инвестиции, за решавање на инфраструктурни проблеми затоа што со отворањето на поглавјата ние, животот овде во нашата држава треба да го доближиме за граѓаните, како што им доликува, до она што значи живот во сите развиени држави, порача Митрески. Со затворањето на овие прашања се отфрлаат шпекулациите кои опозицијата сакаше да ги наметне, рече Митрески, додавајќи дека македонскиот јазик е официјален и на ЕУ, а ние сме Македонци кои зборуваме македонски јазик. Државата е подготвена да ги отвора поглавјата со ЕУ, истакна Митревски, кој додаде дека тие се битни за државата, за напредокот на државата. Битни се за секојдневниот живот на граѓаните.“ - Нашиот план е да до 2024 година да отвориме околу 80 отсто од поглавјата и граѓаните да почувствуваат напредок во тие поглавја што ќе ги отвориме затоа што тоа се периодите, тоа е времето кога се отвораат и европските фондови, очекуваме поддршка од 2,5 милијарди евра за институциите, поддршка за враќање на правната држава, за реформи во правосудството, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, Јован Митревски. Истовремено тој истакна дека целокупната политика што ја водат подолг период е баш кохезијата на сите граѓани, токму да ја почувствуваат сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност да си ја почувствуваат државата како своја, државата да им врати на сите граѓани без разлика на етничката припадност како еднакви граѓани затоа што заедно сите имавме заеднички проблеми и во овој изминат период од 2,5 години успеавме најголем дел од нив да решиме, а во следниот период само заедно, само здружени треба да гледаме напред и само заедно можеме да ги решаваме проблемите, рече носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, Јован Митревски . - Нашата цел и целта на сите граѓани е правна држава, законот да важи еднакво за сите затоа што ако законот важи еднакво за сите, ние ги отворивме сите институции, ги направивме отчетни пред граѓаните, за разлика од пред 3,4 години, а тоа прави еден дополнителен притисок кај функционерите да се однесуваат онака како што треба, онака како што доликува еден функционер што ја добил честа да води некоја институција, рече Митрески Ако ги гледаме трошоците што ги гледаме во минатото и трошоците кои што се прават сега, оние непродуктивни, репрезентации, патни трошоци итн. разликата е огромна затоа што тоа е еден дополнителен притисок, истакна Митрески. Тој нагласи дека гласањето ќе биде безбедно и ги повика граѓаните да излезат во што поголем број затоа што се носи битна одлука. Граѓаните на 15 јули носат одлука дали сакаат нивните пари да продолжат да завршуваат во нивните буџети или да завршуваат во Будимпешта или во белиот дворец. Граѓаните носат битна одлука дали сакаат да продолжат да живеат во слобода или сакаат да се вратат во режим. Носат битна одлука дали сакаат нашата држава да продолжи по евроатланскиот пат, дали сакаат да станеме членка на ЕУ, да ги решаваме секојдневните проблеми или сакаат да застанеме и да се враќаме назад, нагласи носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, Јован Митревски во интервју за македонската радио телевизија. оџ/скс/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан