• петок, 05 декември 2025

Митовски: Нова градинка во Алија Авдович, уредување на каналот и нова фекална канализација

Митовски: Нова градинка во Алија Авдович, уредување на каналот и нова фекална канализација

3 октомври 2025

Нашата визија за Алија Авдовиќ е јасна – време е ова населено место конечно да го добие заслужениот развој! Во следните четири години, ќе реализираме проекти кои директно ќе го подобрат секојдневието на граѓаните. Најзначајниот проект е изградбата на целосно нова детска градинка со капацитет за 160 деца – инвестиција која ќе им обезбеди на најмладите современи услови и ќе им го олесни секојдневието на родителите, се наведува во соопштението од изјавата за медиуми на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Влатко Митовски, што МИА го пренесува интегрално.

Покрај тоа, ќе го уредиме каналот кој со години претставува проблем за жителите, ќе изградиме фекална канализација со што конечно ќе се реши едно од најголемите комунални прашања. Улиците 22 и 28 ќе бидат целосно реконструирани и асфалтирани, за движењето низ населбата да биде безбедно и уредно. А со комплетна санација на водоводната линија во Каменик, ќе обезбедиме стабилно и квалитетно водоснабдување за сите домаќинства.

Ова не се ветувања – ова е наш план за модерна, уредена и достоинствена заедница. Алија Авдовиќ заслужува да оди напред, затоа што  сите ние се бориме за нашиот дом.

 

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=iwsfjHLofWI&feature=youtu.be

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан