• недела, 22 декември 2024

Митинг на коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“ во Гостивар

Митинг на коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“ во Гостивар
Гостивар, 10 јули 2020 (МИА) – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива под мотото „Сега е времето“ вечерва ја продолжија изборната кампања со промоција пред нивни членови и симпатизери на една од улиците во центарот на Гостивар. Зијадин Села претседателот на Алијансата за Албанците во својот говор се осврна на проблемите и барањата кои за албанците во Македонија не се решени. – Доаѓаат во Гостивар на 9 јули за да ни ги разгорат раните. Тие можат да дојдат и да го добијат гласот и потоа да нè измамат, можат да кажуваат бесмислени пароли дека ќе создадат заедничко општество и за сите. Но, поставуваат граници за нас каде и да можат. Велат држава за сите, но тие поставија граници за нас во Чашка и нè спречуваат да учиме на албански јазик во Битола, Прилеп и Велес и во Охрид. Тие велат дека можат да имаат заедничко општество за сите, но тие поставуваат граници за Албанците. Наместо да прават мостови тие го отежнуваат животот на Албанците секој ден. Можат само да направат една работа, да ја земат власта и да даваат лажни изјави, рече Села. Тој го побара гласот за поддршка на претстојните избори од гостиварци за, како што рече, албанците да си ја вратат гордоста. – Драги гостиварци вие сте гласник на промени и слобода. Но, ве молам за една работа: кога ќе агитирате и кога ќе им побарате на албанците да гласаат почитувајте го нивниот дом. Одете од врата до врата, побарајте поддршка без да исклучите ниту една куќа, поклонете се пред нив оваа коалиција со понизност ќе им служат на Албанците. Ние не доаѓаме како оние кои доаѓаат со закани и го осквернуваат најсветото на албанците, честа и прагот на куќата. Кажете им да излезат на гласање што помасовно и да победиме убедливо. Така ќе поставиме услови за тоа што ни припаѓа и да си го вратиме тоа ни е украден, подвлече Села Коалицискиот партнер, Африм Гаши, претседател на Алтернатива зборувајќи за програмата на коалицијата, напомена дека таа ќе донесе промени на подобро за сите Албанци. – Пред некој ден еден новинар ме праша што ќе направиме ние и како албанците по сто дена од формирањето на новата влада ќе почувствуваат промена. Јас му одговорив дека нема да се чекаат сто денови, туку со промените ќе почнеме уште од првиот ден. Ние ќе ја извојуваме најголемата победа за албанците во оваа земја, затоа што имаме програма која нè обединува, рече Гаши. Алтернатива, посочи тој, направила пресврт бидејќи го увериле секој Албанец дека победата доаѓа. Шефот на изборниот штаб и генерален секретар на Алијанса за албанците, Арбен Таравари ги повика сонародниците да се приклучат кон оваа коалиција бидејќи нивните политички опоненти нема да ги остварат нивните права – Сега не се ни расправа дали ќе победиме на изборите или не. Ги молам нашите браќа Албанци кои се членови кај нашите политички противници, особено албанците во СДСМ и оние на ДУИ да ни се придружат. ДУИ е брод што тоне. Затоа, ве молиме, бидете со нас, затоа што ви даваме надеж, промена и реформи, рече Арбен Таравари. Покрај кандидатите за пратеници во 6-та изборна единица, од говорницата се обрати и Елвис Хоџа од Косово, претставник на движењето Самоопределување. згм/дма/

Остани поврзан