• недела, 19 мај 2024

Митев го предводеше Алкалоид до убедлив триумф на гостувањето во Охрид

Митев го предводеше Алкалоид до убедлив триумф на гостувањето во Охрид

Охрид, 17 септември 2023 (МИА) - РК Алкалоид одигра одличен натпревар и доминантно стигна до победата на своето прво гостување и прво дерби во новата сезона во Суперлигата. Предводен од репрезентативецот Марко Митев кој средбата ја заврши со девет погодоци, Алкалоид во „Билјанини извори“ забележа победа со 28:22 (полувреме 16:10).

 

Ова беше втора победа од исто толку натпревари за РК Алкалоид кој во следното коло на домашен терен ќе игра против екипата на РК Еурофарм Пелистер 2.

 

Охрид го запиша првиот пораз по два натпревара во А-групата од Супер лигата. зс/

 

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан