• сабота, 23 ноември 2024

Митева: Раскината концесија, Дестани станува нов сопственик, па владата дозволува спојување на концесиите

Митева: Раскината концесија, Дестани станува нов сопственик, па владата дозволува спојување на концесиите

Скопје, 21 јули 2023 

Владата на СДС и ДУИ во случајот Иловица наместо за народот работи за Дестани кој важи за близок до ДУИ.

Компанијата на семејството Дестани добила дозвола од владата да преземе удели во Еуромакс Ресурсис, која ја има концесијата за Иловица, иако нема никакво искуство од ископот и рафинирањето на злато.

Владата на СДС и ДУИ дозволила компанија на Дестани да влезе во рудник за кој самите тврдеа дека нема да се отвори. Владата согласно закон дала согласност, без која Дестани не можел да се стекне со удел во компанијата и да стане концесионер на Иловица.

Дестани купил удел во фирмата, а купувањето го дозволила самата влада на СДС и ДУИ. И тоа во време кога владата ја има раскинато концесијата, и има спор пред Управен суд.

Зошто ако владата бил сигурна дека рудник нема да има и ја раскинала концесијата, воопшто дала дозвола Дестани да влезе? И зошто Дестани ако не бил сигурен дека концесијата ќе биде вратена воопшто купил удели во Еуромакс Ресурсис?

Како магично само 15 дена откако Дестани влегува во сопственичката структура во Иловица, Управен суд носи одлука, за укинување на Одлуката на владата за раскинување на Концесијата?

Дополнително други две прашања треба да бидат одговорени. Прво, Зошто владата дозволила Дестани да влезе во Иловица, ако и самите тврдеа дека рудник нема да има? И второ, дали власта свесно дозволила Дестани да стане концесионер, за парите од отштетата при евентуална арбитража која би требало да ја добие носителот на концесијата да отидат кај Дестани па потоа да се префрлат во СДС и ДУИ?

Не се јасни намерите на власта, дали сакаат да се отвори рудникот и притоа да не знаеме какви стандарди ќе се користат и дали почвата во струмичко ќе се контаминира или сакаат да ги земат парите од арбитражната одлука и да наплатат стотици милиони без било што да сработат?

И во едниот и во другиот случај СДС и ДУИ добиваат, а граѓаните губат. Во целава постапка ДУИ е реализатор, а СДС главен помагач.

новинарско прашање: Безбедноста на граѓаните е нарушена. Дали се точни наводите дека сопственикот на фирмата која вршела дигитализација на податоците од матичните книги е близок роднина на функционер од власта?

Безбедноста на граѓаните на Македонија е одамна загрозена и тоа се докажува низ безброј сомнителни случаи за кои нема разрешница. Скандал од вакви размери каде се загрозени личните податоци на граѓаните треба да биде аларм за институциите.

Митева истакна дека треба темелно да се истражи која е фирмата која вршела дигитализација и дали се точни наводите дека сопственикот е близок роднина на функционер од власта?

За какви потреби се злоупотребени овие податоци и кои ќе гарантира заштита на граѓаните?  Овој случај на евентуална злоупотреба на податоци уште еднаш потврдува дека власта е длабоко навлезена во криминал и корупција и час поскоро се потребни избори и промена на власта која најпрво ќе резултира најпрво со одговорност за сторителите, а потоа со институции кои ќе функционираат чесно и во интерес на граѓаните, изјави Митева.

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан