• понеделник, 23 декември 2024

Митаракис: Очекуваме ЕУ да стори повеќе за имплементација на заедничката изјава ЕУ- Турција

Митаракис: Очекуваме ЕУ да стори повеќе за имплементација на заедничката изјава ЕУ- Турција
Атина, 8 октомври 2021 (МИА) – Очекуваме Европската унија да направи повеќе за спроведување на Заедничката изјава ЕУ - Турција. Секој чамец што заминува од турскиот брег е кршење на Заедничката декларација, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, пред почетокот на Советот на министрите за правда и внатрешни прашања на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Митаракис додаде дека „исто така, е неуспех на Заедничката декларација, кога секое лице за кое се смета дека не ги исполнува критериумите за меѓународна заштита не може да се врати во Турција“. Тој истакна дека Европската Унија се соочува со мигрантски притисок на внатрешните и надворешните граници и „ова ја прави уште поактуелна дискусијата за нов договор“ за миграцијата, но и дека треба да се најде европско решение. - Мигрантскиот притисок не е предизвик само за земјите во првите редови, туку и за Унијата во целина. Треба да обезбедиме еднаква и праведна поделба на товарот меѓу земјите членки. Но, не смееме да влеземе во фаза на неактивност, чекајќи го новиот договор. Треба да очекуваме Европската унија да направи многу повеќе за прашањето на надворешната димензија, во заштитата на европските граници и враќањето на оние кои не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита, нагласи Митаракис. ср/гт/

Остани поврзан