• сабота, 23 ноември 2024

Митаракис: Околу 80 отсто од мигрантските бранови од Турција сега веќе се упатуваат кон Италија

Митаракис: Околу 80 отсто од мигрантските бранови од Турција сега веќе се упатуваат кон Италија
Атина, 15 ноември 2022 (МИА) – Турција го смени моделот во мигрантското прашање и сега веќе околу 80 отсто од мигрантските бранови се упатуваат кон Италија, истакна министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, во интервју за грчката телевизија „Скај“. Дописничката на МИА од Атина пренесе дека Митаракис оцени дека Италија се соочува со голем притисок и седум пати проблем седум, посочувајќи дека лани од Турција пристигнале во Италија околу 12.000 луѓе , а во Грција околу 3.500. -Секој брод што тргнува од Турција става во опасност човечки животи. Луѓето влегуваат во чамци без познавање на навигација, во чамци на надувување или стари едрилици без елеци за спасување, зошто? Затоа што турските власти толерираат вакви незаконски заминувања. Турците го сменија моделот. Сега се обидуваат да користат многу поголеми бродови кои пловат за Италија. Веќе околу 80 отсто од мигрантските бранови од Турција одат директно и пристигнуваат во Италија“, рече Митаракис. Грчкиот министер за миграција и азил истакна дека мигрантската криза веќе не се однесува на Грција споредбеноа со она што се случуваше во 2015 и 2016 година. ср/сд/

Остани поврзан