• вторник, 24 декември 2024

Мистериозни „сакатења“ и усмртување на домашни животни во француските полиња

Мистериозни „сакатења“ и усмртување на домашни животни во француските полиња
Париз, 24 август 2020 (МИА) - Последниот случај е во областа Сарт, каде беше пронајден во ливада лешот на теле, на кое му беше „отсечено десното уво и исечено по неговите гениталии“, јави дописникот на МИА. Истрагата е доверена на истражувачката бригада на жандармеријата на Ле Манс, откако обвинителството поведе истрага за акти на суровост врз животни по откритието на мртвото теле. Делото несомнено се случил ноќта меѓу петокот и саботата, според сопственикот. Ова е прв случај пријавен во областа Сарт и прв случај на теле, случаите на сакатење и убивање на животните се досега беа врз коњи. На крајот на јуни, белешка од Централната територијална разузнавачка служба, која беше пренесена од весникот „Ле Паризиен“, навела најмалку единаесет слични дела врз коњи во Франција меѓу декември 2018 и летото 2020 година. Феноменот се забрзува: ноќта од 1 до 2 август, пони коњ беше пронајден мртов и осакатен во Есон. На 8 август, таа беше 18 месечна кобила во Клуни: „едното уво и беше отсечено и едното око извадено, срцето прободено и вагината и била извадена“, објаснија нејзините сопственици, според кои кобилата била фатена со ласо. Пред неколку дена и во Јура една кобила претрпе слични сакатења, на другата страна во и беше убиен тепачка во Бретања беше заклан чистокрвен коњ, додека на еден веќе мртов коњ во Лоара му беа отстранети органите. За сите овие настани се отворени истраги, доверени на локалните жандармерии поддржани од Централната канцеларија за борба против напади врз животната средина и јавно здравје. Во медиумите се споменуваат можни писти, како сатански ритуали или пак предизвици кои си ги поставуваат младите. тг/

Остани поврзан