• недела, 22 декември 2024

Мирчевски и Бабунски на местото на повредените Трајковски и Ристовски за дуелите со Финска и Азербејџан

Мирчевски и Бабунски на местото на повредените Трајковски и Ристовски за дуелите со Финска и Азербејџан
Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) – Откако крилниот напаѓач Александар Трајковски го откажа настапот поради повреда, селекторот Благоја Милевски од истите причини за претстојните контролни натпревари против Финска и Азербејџан нема да може да смета ниту на услугите на напаѓачот Милан Ристовски. Фудбалерот на Спартак Трнава се повреди на вчерашниот натпревар за својот тим во словачкото првенство против Скалица (2-1) и предвреме го напушти теренот во 23 минута. Селекторот Милевски на местото на повредените Трајковски и Милан Ристовски дополнително ги повика Мартин Мирчевски од српскиот прволигаш ТСЦ Бачка Топола и Дориан Бабунски од унгарски Дебрецин. Македонската репрезентација идната недела во Скопје ја очекуваат два пријателски натпревари против Финска, в четврток, и Азербејџан, в недела. ег/лв/

Остани поврзан