• петок, 05 декември 2025

Миркуловски нов координатор на македонските маки ракометни селекции

Миркуловски нов координатор на македонските маки ракометни селекции

 

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) – Поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец Филип Миркуловски е промовиран денеска во спортски координатор на националните машки ракометни селекции.

Миркуловски ја презема должноста од Влатко Тасевски, кој во меѓувреме беше назначен за генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија.

Четириесетиедногодишниот Миркуловски ја заврши кариерата во 2020 година во германски Вецлар каде потоа беше дел од стручниот штаб.

„Можев да бидам тренер, но лично посакував да вложам во напредокот на македонскиот ракомет. Секогаш е убаво кога си дома. Секогаш сум давал максимум за Македонија како играч, така ќе биде и во иднина“, истакна Миркуловски на денешната промоција, посочувајќи оти негов фокус на новата должност ќе биде развојот на младинските категории, подобра координација меѓу селекторите и создавање стабилен систем“. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан