• недела, 24 ноември 2024

Мирков повеќе не е тренер на Шкупи

Мирков повеќе не е тренер на Шкупи

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Матија Мирков, по денешниот пораз од Работнички, поднесе оставка од позицијата главен тренер на Шкупи, имајќи ги предвид резултатите и сметајќи дека за клубот во овој момент е најдобро да се повлече, објави прволигашот од Чаир.

Управниот одбор на клубот известува дека ја прифатил оставката на тренерот Матија Мирков, благодарејќи му за досегашниот придонес како помошен тренер, но и како главен тренер, и му посакува многу успех во неговата кариера.

Матија Мирков секогаш ќе остане дел од нашето семејство. Ти Благодариме, стои во соопштението на Шкупи.

Тренерот Мирков, во образложението на оставката вели дека дал максимално се залагал за време на тренерската работа во Шкупи и му посака на тимот повеќе успех во понатамошниот дел од сезоната. зс/

Фото: ФК Шкупи

Остани поврзан