• недела, 22 декември 2024

Мирен предупредувачки протест на велешката подружница „Бабуна“ на ЈП Национални шуми

Мирен предупредувачки протест на велешката подружница „Бабуна“ на ЈП Национални шуми

Велес, 4 март 2024 (МИА) - Вработените во велешката подружница „Бабуна“ на ЈП Национални шуми денеска од 9:00 до 9:40 часот излегоа од своите рабони места со што се приклучија на мировниот предупредувачки протест на нивиот Синдикат на работниците од шумарството и дрвната индустрија.

Протестот почна изминатиот петок, а ќе трае до овој петок ако, како што велат, не им се исполнат нивните барања, сите 53 вработени од велешката подружница „Бабуна“ од понеделник ќе стапат во штрајк заедно со сите свои колеги од останатите подружници на ЈП Национални шуми во градовите во земјава.

Тие протестираат и бараат исплата на плата за месеците јануари и февруари оваа година, исплата на теренски додаток, како и редовна исплата  на задршките од плата по разни основи (кредити и слично). 

Бараат и зголемување на плата бидејќи, како што појаснуваат,  скоро сите работни места се на ниво на минимален загарантиран личен доход, како и подобрување на условите за работа и обнова на ХТЗ опрема и заштита при работа. ад/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан