Министрите за енергетика на Украина и на САД разговараат за воведување санкции против Росатом
- Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко разговараше со американската министерка за енергетика Џенифер Гранхолм за можноста за воведување санкции против рускиот нуклеарен гигант „
Киев, 22 септември 2022 (МИА) - Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко разговараше со американската министерка за енергетика Џенифер Гранхолм за можноста за воведување санкции против рускиот нуклеарен гигант „Росатом“, соопшти украинското Министерство за енергетика.
„Херман Халушченко нагласи дека руската државна корпорација 'Росатом' е директно вклучена во агресијата против Украина и дека прикрива акти на нуклеарен тероризам“, напиша денеска на својата веб-страница украинското Министерство за енергетика.
Минатиот месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека не е нормално што западните земји сè уште не вовеле санкции против „Росатом“. паг/