• петок, 22 ноември 2024

Министерство за финансии на Кипар: Замрзнати се повеќе од 1,2 милијарди евра руски имот

Министерство за финансии на Кипар: Замрзнати се повеќе од 1,2 милијарди евра руски имот

Никозија, 16 мај 2023 (МИА) - Кипарското Министерство за финансии денеска соопшти дека замрзнало околу 1,2 милијарди евра средства во руска сопственост управувани од компании регистрирани на Кипар во согласност со санкциите воведени кон Русија по почетокот на нејзината инвазија на Украина.

Во соопштението се наведува дека „огромното мнозинство“ од овие средства се во кредитни институции на Европската Унија и дека, дополнително, банките во Кипар замрзнале 105 милиони евра.

Министерството издаде соопштение како одговор на коментарот на европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс минатата недела дека Кипар доцни со замрзнувањето на имотот во сопственост на Русија.

Рејндерс рече дека Кипар пријавил сума од околу 100 милиони евра, додека сите други земји-членки на ЕУ замрзнале руски средства во вредност од по две до четири милијарди евра.

Министерството за финансии соопшти дека станува збор за грешка поради тоа што Европската комисија добила нецелосни информации и дека истата била исправена со ажурирање на соодветната база на податоци.

Кипарската влада го засилува надзорот за да обезбеди усогласеност со меѓународните санкции со формирање на специјализирана единица по моделот на британската Канцеларија за спроведување на финансиски санкции (OFSI), соопшти Министерството.

Кипарската влада, исто така, сака да се приклучи на програмата на Европската комисија за поддршка на „ефективната и единствена примена на санкциите“. ссм/

Остани поврзан