• вторник, 24 декември 2024

Министерство за правда: Законот за лица неевидентирани во Mатична книга на родени наскоро во Собрание

Министерство за правда: Законот за лица неевидентирани во Mатична книга на родени наскоро во Собрание
Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Министерството за правда, пратеници од Собранието, Дирекцијата за управување со матични книги, невладини и меѓународни организации, (ОБСЕ и УНХЦР), претставници на Советот на Европа и претставници на други институции, денеска ја завршија дводневната работилница на која составија предлог за измена и конечно дополнување на законот за лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родените.
 
Овие законски измени, наведуваат од Министерството, се усогласени и договорени со сите субјекти и ќе бидат проследени на понатамошна постапка до Собранието на Република Северна Македонија.
 
- Со одобрувањето на овој закон, Северна Македонија прави многу важен чекор во својот европски пат и станува првата земја во Европа што наоѓа  решеније за овој долгогодишен проблем на неевидентираните лица. Подготовката на законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родени е пример за решеноста на Министерството за правда да помогнеме на оваа категорија на лица, се вели во соопштението.
 
Целта на законот, како што посочуваат, е неевидентираните лица да се евидентираат во посебна Матична книга заради добивање на извод и идентификациска исправа за остварување на право на образование, социјална, здравствена заштита.
 
- Очекуваме законските измени наскоро да ја поминат собраниската процедура и да се усвојат, велат од Министерството. мс/сп/
 
фото: Министерство за правда

Остани поврзан