• петок, 22 ноември 2024

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст. -Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни. Министерството за правда ќе направи се за да ги заштити слободата на изразување и на говор кои се неприкосновени права во секое демократско општество, се наведува во соопштението од Министерството за правда. ев/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан