• вторник, 05 ноември 2024

Министерство за правда: Ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење

Министерство за правда: Ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење
Скопје, 28 април 2022 Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење. -Инсталирана е и ставена во употреба информатичко компјутерска опрема во судниците на 5 основни судови:Кавадарци, Струмица, Штип, Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје со што ќе се зголеми транспарентноста и еднаквоста на странките во постапката.Потпишани се меморандуми за интероперабилност за побрза размена на податоци со институциите. -Обезбедени се дигитални услуги за граѓаните со што се овозможува брз,лесен и едноставен начин на барање и стекнување на документи или податоци. --Електронски уверенија од казнената евиденција за физички лица и правни лица кои се достапни на националниот портал uslugi.gov.mk. -Успешно се спроведува системот за бесплатна правна помош за граѓаните.За 53,7% е зголемен бројот на барања за бесплатна секундарна правна помош.Примарна правна помош добиле речиси 20% повеќе граѓани во однос на претходната година. -Континуирано се преземаат активности во насока на обезбедување на оптимални услови за ефикасно вршење на судската и јавнообвинителската функција.Се залагаме за подобрување на нивниот статус и финансиска независност во општеството. -Започна обуката на VIII-та генерација во Академијата на судии и јавни обвинители за едукација на кадри за судии и обвинители што претставува клуч за непрекинато функционирање на правната држава. -Одржани се јавни расправи за новите законски решенија: Закон за помилување Закон за вештачење Закон за правда на децата. -Финализирање на имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022. Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на зајакнување на независноста, непристрасноста и транспарентноста на судскиот систем, подобрување на квалитетот и ефективноста на судските услуги за граѓаните. Министерство за правда __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан