• вторник, 10 март 2026

Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец

Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Уреден спортски простор со терени за фудбал, ракомет и кошарка опремени со соодветни реквизити се дел од новиот мултифункционален спортски центар во населеното место Долно Коњари кој денеска беше пуштен во употреба.

Како што соопштуваат од Министерството за спорт, министерот Борко Ристовски на отворањето истакнал дека вложувањата во спортската инфраструктура се важна основа за развој на спортот во сите средини и за поголема достапност на спортот за младата популација.

- Овој простор треба да се чува и да биде место каде младите ќе спортуваат и ќе се учат на позитивни вредности што ги носи спортот. Тоа е простор наменет за сите граѓани и сите треба да се однесуваат одговорно кон ваквите објекти за тие да останат во функција и да бидат од корист за целата заедница – рече Ристовски.

Министерството за спорт го реализира овој проект во соработка со локалната самоуправа на општина Петровец, чиј што градоначалник, беше, исто така, присутен на пуштањето во употреба.

Проектот е реализиран во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. ар/дма/


Фото:МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан