• петок, 22 ноември 2024

Министерството за правда и Американскиот универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за правда и Американскиот универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков и директорката на АУЕ-ФОН, Сезен Цаноска, потпишаа  Меморандум за соработка со кој двете институции се обврзаа заеднички да дејствуваат и соработуваат во интерес на спроведување на истражувачка и аналитичка работа, можности за реализација на стекнување на практични знаења на студентите, како и изготвување на добри законски решенија.

На настанот присуствувал и ректорот  на универзитетот Саво Ашталкоски и деканот на Факултетот за правни и политички науки, Сејдефа Џафче.

Меморандумот, како што соопшти Министерството за правда, има за цел  овозможување на  едукација, образование, усовршување, оспособување, учење на студентите на универзитетот во повеќе стручни и научни области, како и експертски придонес во рамките на работните групи во рамки на Министерството.

-Универзитетот ќе дава свој придонес преку истражување и изработка на анализи, и ќе  овозможи и соработка на наставниот кадар од универзитетите и истражувачите со вработените од Министерството за правда. Се овозможува поддршка и пристап на студентите за реализација на пракса, стекнување на практични знаења во рамките на делокругот на работа на Министерството, се наведува во соопштението. дма/цр

Фото:  Министерството за правда

 

Остани поврзан