• четврток, 19 декември 2024

Министерски форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Скопје

Министерски форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Скопје

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Република Северна Македонија и МВР е домаќин на Министерскиот форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во рамки на Претседателството на Кралството Шпанија со Советот на Европската Унија, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје. 

Како што соопшти МВР, на дводневниот форум кој ќе се одржува во Собранието, ќе учествуваат министри за правда и внатрешни работи на државите од Западен Балкан и на државите на Европската Унија кои го претставуваат актуелниот претседавач Кралството Шпанија и наредните две држави претседавачи Белгија и Унгарија, европските комесари кои се надлежни за внатрешни работи и правда, директорите на европските агенции – Европол, Фронтекс и Европравда, како и останати високи претставници на меѓународните организации од областа на правда и внатрешни работи.

Првата сесија од Министерскиот форум е посветена на областа внатрешни работи со фокус на темите Внатрешна безбедност и Зајакнување на управувањето со миграција, азилот и надворешни граници.

На крајот од сесијата ќе се одржи прес-конференција на која ќе земат учество еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и министрите за внатрешни работи на Кралството Шпанија и на Република Северна Македонија, Фернандо Гранде-Марласка Гомез и Оливер Спасовски.

The Ministry of Interior hosts October 26-27 the EU-Western Balkans Ministerial Forum on Justice and Home Affairs, within the Spanish EU Presidency.

Форумот утре продолжува со Втората сесија посветена на правда на која ќе се дебатира на теми Владеење на правото и судски реформи и Напредок во заедничките активности во врска со руската воена агресија врз Украина. По завршувањето на сесијата, заедничка прес -конференција ќе одржат еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс и министрите за правда на Кралството Шпанија и на Република Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.  

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека одржувањето на Министерскиот форум во Скопје претставува уште едно признание за државата. 

-Ми претставува особена чест и задоволство што и годинава, а вторпат за време на мојот мандат, доаѓа уште едно признание за Република Северна Македонија и МВР - честа да бидеме домаќини на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ - Западен Балкан во Скопје на 26-27 октомври 2023, напиша Спасовски на неговиот службен ФБ-профил во пресрет на одржувањето на форумот. вг/хс/

Фото: МВР

Остани поврзан