Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.
Скопје, 12 јули 2025 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.
Притоа, како што информираат од МЗШВ, кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки.
-Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е значително добар, што претставува позитивен сигнал за земјоделскиот сектор. Поради тоа министерот Трипуновски апелира да се почитуваат договорените одредби, секоја злоупотреба ќе биде санкционирана од Државниот инспекторат за земјоделство, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот истакнал дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се присутни на терен со цел да се спречат евентуални злоупотреби и да се обезбеди транспарентност во процесот на откуп.
Целта на Министерството е да се вреднува трудот на земјоделците, посочил Трипуновски.
Тој додал дека Министерството продолжува со активното следење на состојбата и преземање на сите потребни мерки за заштита на интересите на земјоделците. сст/дма/
Фото: МЗШВ