• среда, 25 декември 2024

Министерот Спасовски на работна средба со амбасадорот на НР Кина, Џанг Зуо

Министерот Спасовски на работна средба со амбасадорот на НР Кина, Џанг Зуо
Скопје, 18 април 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Зуо на денешната работна средба изразиле задоволство за одличната соработка што трае со децении. Како што соопштија од МВР, Спасовски и Џанг Зуо,потенцирале дека односите помеѓу двете земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување. На средбата било нагласено дека политичките односи бележат нагорен тренд особено по интензивната размена на посети како на оперативно, така и на највисоко ниво во изминатите неколку години.  цр/дма/

Остани поврзан