• вторник, 24 декември 2024

Министерот Николовски на регионалната конференција „Grow up“ во Копаоник

Министерот Николовски на регионалната конференција „Grow up“ во Копаоник

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе учествува на регионалната конференција „Grow up“ која, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, се одржува денеска и утре во Копаоник, Република Србија.

Николовски и министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ ќе имаат обраќања на тема „Регионална поврзаност како можност за развој".

-Ќе разговараме, разменуваме мислења и идеи. Само заедно и сплотени ќе ги постигнеме нашите цели и интереси за прогрес и развој на нашите земји, напиша Николовски на својот фејсбук профил. мч/цр

Фото: МИА

Остани поврзан