• среда, 27 ноември 2024

Министерот Николовски и Сојузот на извидници во заедничка акција за пошумување „Боренка“

Министерот Николовски и Сојузот на извидници во заедничка акција за пошумување „Боренка“

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со Сојузот на извидници денеска ќе учествува во акцијата за пошумување „Боренка“ што се организира по повод 21 Март, Светскиот ден на шумите и е дел од големата акција за пошумување „Ајде да пошумуваме заедно“. 

Преку оваа акција ќе се пошумува месноста Богословец, во околината на Свети Николе, со засадување на 5.000 садници од видовите бор, даб и багрем.

Кон акцијата за пошумување ќе се приклучат и ученици од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, ООУ „11 Октомври“ и ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје, извидници од Свети Николе и Штип, како и волонтери од Волонтерски центар Скопје.вј/лв/

Фото МИА архива

 

 

Остани поврзан