• петок, 22 ноември 2024

Министерот Муцунски на прва средба со амбасадорот на Финска, Линдквис

Министерот Муцунски на прва средба со амбасадорот на Финска, Линдквис

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил прва средба со амбасадорот на Финска со седиште во Белград, Никлас Линдквист.

Од МНРНТ соопштија дека министерот Муцунски изразил задоволство што над 30 години, двете земји градат партнерски односи и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет.

- Воедно, тој упати благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска за македонската интеграција во ЕУ и финската стратешка визија за европската иднина на земјите од Западен Балкан, се посочува во соопштението.

Муцунски го нагласил и интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска, како и за продлабочување на соработката во други области од интерес на двете страни. цр/са/

Фото: МНРиНТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан