• понеделник, 04 ноември 2024

Министерот Мисајловски во посета на Првата пешадиска бригада

Министерот Мисајловски во посета на Првата пешадиска бригада

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски биле во посета на Првата пешадиска бригада, ударната тупаница на Армијата.

-Министерот Мисајловски на средбата со командантот на 1.пбр, бригадниот генерал Сашко Лафчиски упати искрена благодарност до припадниците од Армијата кои се вклучени во гаснењето на пожарите од земја и од воздух и порача дека ќе вложи максимален напор секој војник, подофицер и офицер да биде опремен како што доликува тоа за НАТО Армија, соопшти Министерството за одбрана.

За време на посетата бил извршен брифинг за мисиите, задачите и плановите за модернизација и развој на 1.пбр и за активностите кои се реализираат преку оваа команда.

Министерот Мисајловски истакнал дека Армијата согласно својата мисија и задача потребно е секогаш максимално да биде подготвена во извршување на својата уставна обврска, но и при учеството во мировните мисии и операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

-Најнапред потребно е да се фокусираме на систематско решавање на предизвиците заедно со Генералштабот, најнапред за обезбедување соодветна опрема, што дополнително ќе придонесе за подобрување на способностите и можностите за исполнување на НАТО целите на способност, дополнил Мисајловски.

Во рамки на посетата била презентирана дел од опремата и возилата со кои располага 1.пбр. дма/ац/

Фото: Министерство за одбрана

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан