• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Лога се сретна со претседателката на Комората на проценители Младеновска

Министерот Лога се сретна со претседателката на Комората на проценители Младеновска

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога денеска се сретна со претседателката на Комората на проценители Валентина Младеновска. 

На средбата, како што информира Министерството за правда, се разговараше за проблемите во актуелниот закон и активирање на работната група која ќе треба да изготви нов закон за процена.

- Договорено е состаноците на работната група да се интензивираат од наредната недела и во неа да се вклучат дополнително и  претставници од Основниот кривичен суд, Основниот граѓански суд, Управниот суд и Академијата на судии и јавни обвинители, се вели во соопштението. мд/дма/

Фото: Министерство за правда 

Остани поврзан