• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Лога во работна посета на Саудиска Арабија

Министерот Лога во работна посета на Саудиска Арабија

Скопје, 7 март 2024 (МИА) -  Министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога престојува во работна посета на Кралството Саудиска Арабија.

Како што соопшти Министерството за правда, Лога го посетил Саудискиот центар за обука за правда, каде што одблиску се запознал со развојната програма за зајакнување на судиите и правниот персонал и програми за квалификација за адвокати и нотари.

На состанокот биле разменети искуства и добри практики од областа на едукацијата во правосудството и биле разгледани просториите каде што се врши едукација на идните кандидати за правосудството.

На средбите, како што посочуваат од Министерството за правда, се дискутирало и за разликите и сличностите на начинот на одвивање на едукаците и критериумите за примање на кандидатите во Саудискиот центар за обука. дма/бак/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан