• недела, 22 декември 2024

Министерот за правда на САД ги отфрли тврдењата на републиканците за политизација на кривичните прогони

Министерот за правда на САД ги отфрли тврдењата на републиканците за политизација на кривичните прогони

Вашингтон, 5 јуни 2024 (МИА) - Генералниот обвинител Мерик Гарланд на сослушување во Конгресот синоќа настапи во одбрана на Министерството за правда решително отфрлајќи ги обвиненијата на републиканските законодавци дека тој го политизирал системот на правосудството за да спречи Доналд Трамп повторно да стане претседател.

Гарланд, кој го предводи министерството, на сослушување пред Комитетот за правда при Претставничкиот дом, изјави дека нема да дозволи мешање на политиката во независните кривични истраги на Министерството за правда. Тој ги обвини републиканските критичари на министерството за ширење теории на заговор што можат да им наштетат на вработените во федералните безбедносни органи.

-Нема да ме заплашите, и Министерството за правда нема да го заплашите. Ќе продолжиме со вршење на својата работа надвор од секакви политички влијанија и нема да отстапиме од заштитата на нашата демократија, изјави Гарланд.

Гарланд беше повикан пред конгресмените откако минатата недела порота во суд во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинение за незаконски обиди за влијание на исходот од неговата успешна предизборна кампања за изборите за претседател во 2016, за да го заташка од избирачите фактот за исплата на пари за молчење на актерка во филмови за возрасни, која тврди дека имала интимни односи со Трамп во 2006 година и тогаш сакаше да го објави тоа.

Трамп го негираше фактот за врската со таа жена и сите против него подигнати обвиненија, но на 11 јули тој ќе биде осуден. Казната може да биде условна или затвор во траење до четири години.

Против Трамп исто така се подигнати 54 обвиненија во три останати кривични дела, од кои два ги иницираше специјалниот обвинител Џек Смит, вработен во Министерството за правда, а во случате кога Трамп се обиде да не го прифати поразот на изборите во 2020 година и за неправилно ракување со доверливи документи, како и делото во сојузната држава Џорџија, исто така поврзано со неговите обиди да влијае на резултатот од изборите во 2020 година.

Сите три дека заглавија во правни процедури што најверојатно ја прави пресудата во Њујорк да биде единствена одлука пред претседателските избори закажани годинава за 5 ноември. На изборите, Трамп како најверојатен претседателски кандидиат од републиканците, ќе се соочи со актуелниот претседател на САД Џо Бајден. кб/
 

Остани поврзан