• недела, 17 ноември 2024

Министерот за локална самоуправа Милевски утре ќе поднесе оставка

Министерот за локална самоуправа Милевски утре ќе поднесе оставка
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утре ќе поднесе оставка до Владата. Милевски, како што изјави за МИА, се повлекува од министерската функција поради лични причини. Според Милевски, до крајот на неделата се очекува неговата партија, Либерално-демократската партија (ЛДП) да предложи нов кандидат за министер. -Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА. Горан Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година. мд/дма/

Остани поврзан