• вторник, 24 декември 2024

Министерот Бектеши е оптимист дека ќе се постигне договор со ТЕ-ТО

Министерот Бектеши е оптимист дека ќе се постигне договор со ТЕ-ТО
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информира дека се уште траат преговорите со ТЕ-ТО, но тој очекува, како што рече, дека ќе се најде решение. -Во однос на парното кое треба да почне од 15 октомври се преговара со раководството на ТЕ-ТО. Убеден сум дека ќе се најде решение. ТЕ-ТО би било поддршка и би било добро да функционира. Убеден сум дека ќе функционира, како лани кога се најавија вакви проблеми, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Стопанската комора со 10-те компании најголеми потрошувачи на електрична енергија. Според Бектеши, јавноста ќе биде информирана во моментот кога ќе се заокружат преговорите и ако се носи некаква одлука на Влада. мч/са/    

Остани поврзан