• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Андоновски на средба со млади од ИТ секторот

Министерот Андоновски на средба со млади од ИТ секторот

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на првиот работен ден од мандатот на средба со млади од ИТ секторот порачал дека ќе работи на обезбедување услови за нивен развој и креирање иднина во државава.

- Првата официјална средба како министер за дигитална трансформација, ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија, вели Андоновски во пишана изјава. 

Истакнал дека реформите се во фокусот на новата Влада. 

-Реформите во општеството и дигиталната трансформација се и главен акцент на новата Влада со која што ќе се овозможи и подобар стандард за живеење на младите и намалување на корупцијата, наведува Андоновски. 

Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Андоновски ја вршеше функцијата дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација во техничката влада од јануари до мај годинава. Од тој ресор со реорганизацијата на државната управа произлезе посебно Министерство за администрација. лв/дма/

фото: Стефан Андоновски 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан