• четврток, 19 декември 2024

Министерката за надворешни работи на Бугарија во посета на Битола

Министерката за надворешни работи на Бугарија во посета на Битола
Софија,  4 јуни 2022 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска денеска ќе ја посети Битола по повод инцидентот поврзан со палењето на влезната врата на Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола, и ќе разговара со претставници на здружението, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, целта на посетата е продолжување на дијалогот меѓу министерствата на двете земји за отворените билатерални прашања поврзани со спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Тема на разговор се и прашањата поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија. нк/дма/

Остани поврзан