• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Министерката Димитриеска Кочоска на пратеникот Битиќи му порача дека не поставува суштински прашања поради нивните досегашни катастрофални политики

Министерката Димитриеска Кочоска на пратеникот Битиќи му порача дека не поставува суштински прашања поради нивните досегашни катастрофални политики

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) – Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на собраниска седница за пратенички прашања му посочи на пратеникот Фатмир Битиќи дека не поставува суштинско прашање од областа на финансиите и се обидува да ја дискредитира со друга теми.

Битиќи побара одговор од Димитриеска Кочоска дали е достоен за пратеничко прашање како сопруг и татко на две деца, откако претходно образложи дека во текот на денот министерката имала дискриминаторски став кон пратеничката Славјанка Петровска деградирајќи ја како личност нејзината способност да зборува за предизвиците на семејствата поради високите трошоци.

- Разбирам дека не сакате да ме прашувате поради една единствена работа. Пред два дена имавме завршен состанок со ММФ. Вие знаевте дека ако ми поставите прашања, знаете дека имам документи врз основа на кои ќе ви кажам дека имавте катастрофална политика, поради којашто и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се загрижени и велат, не знам како ќе ги исправиме работите после седум години катастрофална политика. Буџетскиот дефицит помеѓу 2018 и 2023 година којшто вие го креиравте во однос на земјите. Велат дека имаме зголемување на дефицитот во континуитет во годините додека сте на власт, речиси до 15 проценти. За сметка на тоа Косово Босна, Србија, Црна Гора и Албанија, се консолидирале. Толку е вашата способност, истакна Гордана Димитриеска Кочоска.

Пратеникот Фатмир Битиќи го праша министерот за одбрана Владо Мисајловски дали мајорот во Армијата, Ѓоко Христовски е прераспределен 120 километри од местото на живеење од политички или професионални мотиви, потенцирајќи дека тоа воени лице е брат на градоначалник. Министерот Мисајловски рече дека не е во негова надлежност.

- Сите вработени согласно новата систематизација во Министерството за одбрана кои се воени лица имаат право да бидат на располагање на Армијата. Конкретно за ова лице, јас не потпишувам, туку кога ќе се стави на располагање, тогаш Генералштабот има право да го распредели согласно неговиот вез или неговиот чин. На писмено ќе ви дадеме детален одговор за ова лице. Согласно законот јас не треба да одговарам кога друг е одговорен, одговори Мисајловски.

Третото прашање на Битиќи беше упатено до министерот за економија Бесар Дурмиши, но не доби одговор поради отсуство на прозваниот министер и неговиот заменик.ас/са/

Фото: принтскрин 

Остани поврзан