• понеделник, 23 декември 2024

„Минисо“ со нова онлајн продавница за македонските потрошувачи

„Минисо“ со нова онлајн продавница за македонските потрошувачи
Скопје, 23 март 2022 (МИА) - Компанијата „Минисо“ отсега е достапена и онлајн за македонските купувачи кои ќе можат во било кое време да изберат од богатата палета на производи. Онлајн продавницата нуди повеќе од 8.000 производи, за различни возрасти и интереси, во голем број разновидни категории како канцелариски материјали, козметика, ароматични производи, чанти и аксесоари, електроника и електрични уреди, играчки, нега на кожа и други. - „Минисо“ со повеќе од 4.200 отворени продавници во над 80 земји и региони од 2013 година, има цел да прерасне во бренд, совршено усогласен со денешните млади, појасно разбирајќи ги нивните ставови и однесувања, за да им го донесе најпријатното можно искуство за купување. Станува збор за еден од најфлексибилните бизнис модели на малопродажба – почнувајќи од структурата на работење на франшиза, па сè до материјалите од светска класа за набавка на синџири на снабдување и производство кои истиот ги нуди, што за нас, на некој начин, беше еден од клучните фактори да го донесеме Минисо во Македонија, изјави Кристина Маркоски-Зимбакова, генерален директор на Минисо Македонија. Покрај онлајн поддршката достапна 24/7, онлајн продавницата на „Минисо“ Македонија вклучува и други придобивки за корисниците, како што се бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, безбеден систем при плаќање и 100 проценти поврат на средства, односно до 15 дена враќање на пратка. „Минисо“ во земјава постои веќе три години, а глобално е распространет со мастер франшизи во повеќе од 80 земји во Европа, Азија, Латинска Америка, Океанија, Африка и со над 30 под-франшизи низ светот. бак/ац/

Остани поврзан