• понеделник, 23 декември 2024

Милошоски: Законот за амнестија нема хумана цел туку политичка, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира

Милошоски: Законот за амнестија нема хумана цел туку политичка, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира

6 октомври 2023 

-Предлог законот за амнестија ние кажавме дека и тоа што го најавивме како можен бојкот на Собранието, не е одлука но сега засега најава доколку овој предлог закон се стави во процедура со европско знаменце. Штом нема да се носи со европско знаменце иако оваа власт не знае што прави бидејќи сме имале вакви слични ситуации. Ако се сеќавате на измени на законот за игри на среќа и лотарии прво влезе без европско знаменце во Собранието, а тоа беше пред отприлика година дена за сега да гледаме дека влегува со европско знаменце, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Трилинг“ на 24 телевизија.

Милошоски додаде дека власта некогаш знае одредени закони да ги повлече откако ќе види дека нема простор за нивно поминување и да ги запечати со европско знаменце за да ја скрати дискусијата и можноста законскиот текст да биде корегиран.

„Доколку овој закон за амнестија не се носи со европско знаменце тогаш ние ќе бидеме присутни и ќе го блокираме законот со долги дискусии, со многубројни амандмани“, заклучи Милошоски.

„Зошто сметаме дека овој закон не треба да се донесе? Затоа што се работи за еден закон кој што го руши начелото на правда и ги наградува оние кои што биле санкционирани од правосудниот систем и мислиме дека тоа наградување е селективно направено во комуникација помеѓу двете партии би рекол Алијанса на Албанците и ДУИ. Кои што од политички опоненти станаа сега политички сојузници. И сметаме дека амнестирањето на нарко дилери, на луѓе кои што извршувале насилство, разбојништво или некои биле помагатели како на случајот кај Смилковското езеро при убиството на петте недолжни граѓани навистина не треба да биде дел од законскиот систем на Македонија. И за тоа сметаме дека треба да се попречи“, заклучи Милошоски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го има како сознание е тоа што ДУИ и Алијанса на Албанците знаат точно кој ќе биде ослободен и тие луѓе планираат да ги искористат во изборната кампања за време на парламентарните и претседателски избори следната година.

Милошоски посочи дека смета дека законот за амнестија нема за цел хумана мисија на условно кажано ресоцијализација или растоварување на затворските установи туку дека има политичка мисија каде што политичката елита на Алијанса на Албанците и ДУИ се договара со подземјето во Република Македонија за да си завршат едни на други услуга.

Со почит,  
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан