• сабота, 27 јули 2024

Милинковиќ-Савиќ е заинтересиран за трансфер во Арсенал

Милинковиќ-Савиќ е заинтересиран за трансфер во Арсенал
Рим, 24 ноември 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е наклонет кон преселба во Арсенал, објави „Corriere dello Sport“. Според изворот, српскиот играч за врска е привлечен од раководството на „Топџиите“ во англискиот шампионат. Во италијанските медиуми се пишуваше и за интересот за Србинот од страна на Јувентус. Актуелниот договор на Милинковиќ-Савиќ со „орлите“ е до летото 2024 година. Вредноста на играчот според порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 60 милиони евра. Дваесет и седумгодишниот играч од средниот ред оваа сезона забележа 25 настапи за Лацио во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и осум асистенции. Милинковиќ-Савиќ беше повикан во репрезентацијата на Србија за Светското првенство во Катар 2022 година. Србите во групата Г ќе се соочат со Бразил, Швајцарија и Камерун. Првиот натпревар на тимот ќе го одигра денеска, 24 ноември, против Бразил. зс/

Остани поврзан