• понеделник, 23 декември 2024

Милик може да се пресели во Тотенхем откако ја прекина позајмицата во Рома

Милик може да се пресели во Тотенхем откако ја прекина позајмицата во Рома
Рим, 22 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик можеби нема да се пресели во Рома, туку во Тотенхем, тврди „Фудбал Италија“. Полскиот напаѓач беше близу да биде позајмен во римскиот клуб со откуп од 18 милиони евра плус седум милиони во бонус. Сепак, тој не беше во можност да ги договори деталите за договорот, вклучително и правата на  бонусите. Во овој поглед, Рома се премисли да се раздели со Един Џеко, кој можеше да биде ангажиран од Јувентус. Тотенхем е подготвен за целосен трансфер. Договорот на напаѓачот истекува на крајот на сезоната, а за „наполитанците“ ќе биде исплатливо да го продадат сега за да не го загубат бесплатно следното лето. Минатата сезона, 26-годишниот Полјак одигра 35 натпревари и постигна 14 погодоци на сите турнири. зс/

Остани поврзан