• вторник, 17 декември 2024

Милевски: Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери

Милевски: Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери

Рига, 10 октомври 2024 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски изрази задоволство од победата на гости против Летонија (3:0) во меч од Лигата на нациите. 

- Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, проблемите ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повредени фудбалери, вирус, но бевме над сето тоа и победивме, изјави Милевски по мечот.

Македонија останува на првото место во групата, а на 13. октомври ќе има гостување кај репрезентацијата на Ерменија, кое ќе биде клучно за конечниот изглед на табелата. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан