• петок, 22 ноември 2024

Милан ја победи Монца во купот „Силвио Берлускони“

Милан ја победи Монца во купот „Силвио Берлускони“

Милано, 14 август 2024 (МИА) - Милан ја победи Монца на пријателскиот турнир „Силвио Берлускони“ - 3:1. Средбата се одржа синоќа во Милано на стадионот „Сан Сиро“.

Во 11. минута белгискиот напаѓач Алексис Салемакерс ги доведе „Росонерите“ во водство. Пред паузата израмни Даниеле Малдини. Веднаш по паузата Лука Јовиќ кој го замени Алваро Мората го постигна вториот гол за миланскиот тим. Во 56. минута играчот од средниот ред Тијани Рејндерс, кој летово потпиша за Милан, го постави конечниот резултат.

Берлускони почина во јуни 2023 година. Од 1986 до 2016 година беше сопственик на Милан, а во септември 2018 година стана сопственик на Монца. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан