• петок, 22 ноември 2024

Милан постигна гол на 30 натпревари по ред во Серија А, ова е клупски рекорд

Милан постигна гол на 30 натпревари по ред во Серија А, ова е клупски рекорд
Џенова, 6 декември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Милан, Франк Кеси го отвори резултатот на вечерашниот натпревар против Сампдорија. „Росонерите“ поставија нов клупски рекорд во највисоката италијанска дивизија, постигнувајќи гол на 30 првенствени натпревари по ред. Последен пат тимот предводен од тренерот Стефано Пиоли не успеа да постигне гол токум на дуелот со Сампдорија (0:0) на 6 јануари. Милан по десет кола е лидер на табелата во Серија, по вечерашната победа (2:1) разликата со второпласираниот Интер е пет бода. зс/

Остани поврзан